Селаковиќ: Србија ќе им овозможи на своите граѓани брзи ПЦР тестови за патување
Српскиот министер за надворешни работи, Никола Селаковиќ, изјави дека државата ќе обезбеди на своите граѓани брзи ПЦР тестови за патувања, доколку Европската Унија (ЕУ) донесе одлука да дозволи влез само на оние кои примиле вакцини од западни компании, јави дописникот на МИА од Белград.
– Важно е да ја зголемиме ефикасноста на нашиот систем и резултатите од тестовите ќе бидат достапни за граѓаните во рок од 90 до 120 минути, изјави Селаковиќ за ТВ Прва.
Тој кажа дека допрва ќе се разгледува дали граѓаните ќе плаќаат за тестовите и која ќе биде нивната цена.
Селаковиќ посочи на нелогичноста на ЕУ да најавува патни дозволи само на оние кои примиле некои од вакцините одобрени од Европската агенција за лекови (ЕМА), додека во исто време Србија, Црна Гора, Македонија и Босна и Херцеговина сè уште не добиле ниту една доза од ЕУ.
Зборувајќи за донацијата на вакцини за Босна и Херцеговина, Црна Гора и Македонија, Селаковиќ оцени дека Србија со тој гест покажала колку и е важна регионалната соработка и дека во тој случај нема победници и губитници, туку заедничка борба „пред сè” против Ковид-19 и сиромаштијата.
Претходно денеска, премиерката Ана Брнабиќ, коментирајќи ја најавата на ЕУ за воведување на ковид пасоши со вакцини кои се одобрени во ЕУ, изјави дека тоа е спротивно на сите основни европски вредности и дека тоа не смее да се третира како геополитичко прашање.
Брнабиќ кажа да смета дека во Брисел и во сите релевантни здравствени агенции се свесни за фактот дека и кинеските и руските вакцини се ефикасни и безбедни.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ
-
Годишнина од заседата кај Ваксинце
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден