-->
-->
Сексуално злоставувани американски атлетичари
-->
Околу 368 членови на Американскиот федерација за гимнакстика биле жртви на сексуално злоставување во последните 20 години од страна на тренери или челници на Федерацијата, пишува весникот Indianapolis Star.
Според истиот извор, чии новинари на сторијата работеле девет месеци, стотина возрасни лица, тренери или сопственици на спортски сали се осомничени за сексуално злоставување.
Во половина од случаите жртви биле деца, а во најголем дел тие биле девојчиња.
Indianapolis Star ја обвинува Федерацијата дека во некои од случаите тренерите осомничени за сексуално злоставување само ги префрлале во друг клуб.
„Во повеќе десетици случаеви, лицата кои ја обвинија Федерацијата биле разочарани од одговорите кои ги добиле, а на некои обвинувања дури и не било одговорено од страна на Федерацијата“, додава весникот.
На овие обвинувања од Федерацијата се огласиле со кусо соопштение дека „ништо не е поважно од заштитата на спортистите и спортистките“.
„Ужасна е помислата дека некој може да искористи млад спортист или дете на тој начин. Воспоставивме програма на обука и ќе продолжиме да ги казнуваме виновниците за такво однесување“, се додава во соопштението.
Скандалот излезе на виделина откако започна судски процес против, Лери Насар, поранешен доктор кој работел во Федерацијата, кој е обвинет за злоставување на две репрезентативки.
Двете неименувани гимнастичарки исто така ги обвинија и романските тренери Бедла и Марта Карољи за неспособност да го казнат докторот.
Инаку романската двојка Карољи на САД и овозможи да стане светска сила во гимнастиката.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Реал Мадрид е највредниот фудбалски клуб во светот
-
Вардар прв финалист во ракометниот Куп на Македонија
-
Неизвесен победникот на претседателските избори во Полска
-
Нормализиран сообраќајот на делницата Демир Капија – Смоквица
-
33-годишна жена загина, а шест лица се повредени во сообраќајка на автопатот Тетово-Гостивар
-
Во Појасот Газа за еден ден загинаа најмалку 60 луѓе, а 284 се повредени
-
Коњановски ја посети локацијата каде падна кран на градежен објект во Битола
-
ОЈО поведе постапка против скопјанец за семејно насилство кон партнерката и нејзината мајка