-->
-->
СЕХА: Веспрем ја одбрани титулата
-->
Ракометарите на Вардар останаа на двете освоени титули во СЕХА лигата,, откако на завршиниот турнир кој се играше во Вараждин, загубија од Веспрем. Унгарскиот тим ја одбрани титулата со победата над Вардар 28:26 (14:15).
Вардар имаше шанси во финалето, но не успеа да ги искористи. Клучот на триумфот на Веспрем одличната реалзиција со играч помалку и голманот Алиловиќ, кој во последните две ипол минути оствари три од своите пет одбрани на мечот.
Македонскиот првак многу подобро влезе во мечот, одбраната 5-1 делуваше збунувачки за Унгарците, што на Вардар по четири минути игра му донесе предност 4:1, а по осум минути 7:3и веднаш потоа 8:4.
Веспрем бргу успеа да фати приклучок израмни во 14-та минута (9:9) и од тој момент, започна големата борба на тимовите кои за 20 дена ќе се сретнат и во четвртфиналето во Лигата на шампионите.
Веспрем до првата предност на мечот стигна во 34.минута (17:16), кога започна периодот на менување на предноста. Веспрем на пет минути до крајот се одлепи на 27:25, до крајот двата тима постигнаа по еден гол, а решавачки беа трите одбрани на Алоловиќ во тој период.
Лука Циндриќ со пет и Алекс Душебаев со четири гола беа најефикасни во редовите на Вардар, додека Веспрем го предводеше Момир Илиќ со седум голови.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Завршни зборови на обвинителството за убиството на Вања и Панче
-
Успешна евакуација на повредено лице од Шар Планина со хеликоптер на Армијата
-
Меѓународен ден на архивите - 9 јуни
-
Министерот Муцунски во работна посета на Казахстан
-
Победа на локални избори во два српски града прогласија и Вучиќ и опозицијата, изборните комисии засега без резултати од гласањето
-
Сончево, попладне пороен дожд и грмежи
-
АМСМ: Нема подолги задржувања на граничните премини, сообраќајот се одвива непречено
-
СДСМ: Загрижува омразата на Мицкоски