-->
-->
СЕХА: Металург немоќен дома против Горење
-->
Ракометарите на Металург запишаа нов пораз во СЕХА лигата откако вечерва во натпревар од 6.коло загубија на домашен терен од Горење со 24:29 (14:16).
Во поголемиот дел од натпреварот гостите имаа водство, а Металург успеваше да фати резултатски приклучок. Последното водство Металург го имаше во 52.минута (23:22), но до крајот на дуелот Горење направи серија од 7:1 за втора победа сезонава во СЕХА лигата.
Најефикасен на дуелот беше Халил Јагањац со 6 голови, а кај Горење Грегор Поточник постигна 5 голови. Гостинскиот голамн Клемен Ферлин имаше 9 одбрани.
Двете екипи настапија ослабени Филип Кузмановски фалеше кај Металург, а Матјаж Брумен и Алем Тоскиќ кај Горење.
На првиот натпревар одигран денеска Војводина - Мешков Брест 27:36.
Табела: Вардар 15 бодови, Мешков Брест 12, Загреб 10, Цеље 10, Татран Прешов 9, Горење 7,Металург 6, Нексе 4, Војводина 3, Динамо Панчево 3.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Над 40 основни училишта се затвориле во изминатите пет години
-
Тема да денот со Иво Ранѓеловиќ, политиколог
-
Нови признанија на вина во случајот „Синџир“
-
Како оперираат крадците низ археолошките локалитети во државата?
-
Почина момчето кое беше киднапирано и принудено да се самозапали
-
Нови признанија на вина во случајот „Синџир“
-
Одбраната на Мерко - застареност на кривичното гонење
-
Фрчкоски сам ќе се повлече од амбасадорската функција, со документи ги негира обвинувањата од МНР