-->
-->
Седуммина еритрејски фудбалери исчезнале во Уганда
-->
Седуммина фудбалери од Еритреја исчезнале по завршувањето на регионалниот турнир во Уганда, соопштија организаторите на турнирот.
Портпаролот на турнирот, Роџерс Милиндва, изјави дека е во тек полициска истрага.
Полицијата засега не го коментира случајот.
Првичните претпоставки се дека фудбелерите избегале од екипата за да не се враќаат во Еритреја.
Светските групи за заштита на човековте права Еритреја ја опишувата како една од државите со најстрог режим.
Претходно уште четворица други фудбалери од Еритреја, членови на репрезентацијата до 20 години, во октомври побара азил во Уганда.
Многу млади лица бегаат од оваа земја во источна Африка за да ја избегнат, пред се, воената обврска.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Путин му честиташе на Трамп
-
Мицкоски: Со Макрон отворено разговаравме за одблокирање на патот на Македонија кон ЕУ
-
Бислимоски: Се уште е прерано да зборуваме каква ќе биде цената на електричната енергија по 1 јануари
-
Сменетиот израелски министер за одбрана: Нема причина армијата да остане во Газа
-
Доделени околу 80 отсто од ваучерите за купување инвертер клими
-
Лукашенко помилува 31 затвореник осудени поради „екстремизам“
-
Бајден вети мирен трансфер на власта
-
Кос: Ќе работам на тоа билатералните прашања да не се увезуваат во процесот на проширување