Седници за пет собраниски комисии
Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за економски прашања, за образование, наука и спорт, за финансирање и буџет, за надзор над работата на УБК и Агенцијата за разузнавање и Законодавно-правната комисија.
На дневен ред на собраниската Комисија за економски прашања е Разгледување на извештајот на Законодавно-правната комисија по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за возила во второ читање.
Членовите на Комисијата за образование, наука и спорт ќе расправаат за Статутарната одлука за изменување и дополнување на Статутот на Државниот универзитет во Тетово (прва фаза).
На дневен ред на Комисијата за финансирање и буџет се Предлог - Буџетот на Република Македонија за 2016 година во второ читање и Предлог - законот за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2016 година, по скратена постапка во второ читање.
Комисијата за надзор над работата на УБК и Агенцијата за разузнавање ќе ги разгледува Годишниот извештај за работата на Агенцијата за разузнавање во 2014 година, Извештајот за работата на Управата за безбедност и контраразузнавање во 2014 година и Програмата за работа на Управата за безбедност и контраразузнавање за 2015 година.
на дневен ред на Законодавно-правната комисија се предлог-законите за изменување и дополнување на законите за катастар на недвижности, за процена, за медијација, за вештачење, за Академијата за судии и јавни обвинители, за безбедност и здравје при работа, за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување, за заштита на децата, за социјалната заштита и Статутарната одлука за изменување и дополнување на Статутот на Државниот универзитет во Тетово (прва фаза).
Ново на Сител
-
Рекорден пад на невработеноста, но расте и бројот на вработени на црно
-
Тема на денот со Павле Трајанов, лидер на Демократскиот сојуз
-
Тројка надеж – во Клиниката Жан Митрев на свет донесени три предвремено родени бебиња во 31 гестациска недела
-
Одобрено е обвинението за случајот „Онкологија“, судењето дополнително ќе биде закажано
-
Од 200 повредени во пожарот во Кочани 12 се уште се на болничко лекување, 1 и понатаму е во тешка состојба
-
Салиу: Не сум виновен за трагедијата
-
ВМРО-ДПМНЕ бара истрага за Филипче
-
Георгиев: Нема и не може да има дополнителни услови и барања за пристапувањето на Македонија