Седници на три собраниски комисии
Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за финансирање и буџет, за политички систем и односи меѓу заедниците и за култура.
На дневен ред на Комисијата за финансирање и буџет се измените на Законот за буџетите во Република Македонија, измените и дополнувањата на Законот за јавните набавки и измените на Законот за Царинската тарифа, сите во прво читање.
Членовите на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ќе ги разгледаат измените и дополнувањата на Законот за катастар на недвижности, на Законот за процена, на Законот за медијација, на Законот за управната инспекција, на Законот за инспекциски надзор, на Законот за постапување по претставки и предлози, на Законот за воведување на систем за управување со квалитетот и заедничката рамка за процена на работењето и давањето на услуги во државната служба, на Законот за Академијата за судии и јавни обвинители и на Законот за вештачење, сите во прво читање.
На дневен ред на седницата на Комисија за култура се измените и дополнувањата на Законот за заштита на културното наследство и на Законот за употребата на македонскиот јазик, двата во прво читање.
Ново на Сител
-
Беџети контра Ахмети: ДУИ не е за бојкот на изборите
-
ВМРО-ДПМНЕ до Пендаровски – Ако не може да помогне, да не и одмага на Македонија
-
Јанев: Контроли има, недостасува сообраќајна култура
-
Голема симулациска вежба на Скопскиот аеродром
-
Бизнис конфедерацијата на Македонија нуди излез од лавиринтот на минималната плата
-
Земјоделците се жалат, УЈП испраќа опомени, но не ги исполнува своите обврски
-
Oрганизиран превоз во општините за ученици
-
Детектор: Жените ги рушат бариерите