Македонија
4. April 2016 - 8:33

Седници на три собраниски комисии

Во Собранието на Република Македонија денеска треба да заседаваат комсиите за одбрана и безбедност, за надворешна политика и Законодавно-правната комисија.

На дневен ред на Комисијата за одбрана и безбедност е Предлог - одлуката за испраќање припадник на АРМ во мировна операција на Европската унија, „Алтеа“ во Босна и Херцеговина.

Комисијата за надворешна политика и Законодавно-правната, пак, ќе расправаат за ратификација на неклку меѓудржавни договори.