Седници на собраниските комисии за политички систем, за одбрана и безбедност и Законодавно - правната комисија
Во Собранието на Република Северна Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците, за одбрана и безбедност и Законодавно правната комисија.
На дневен ред на седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците се годишните извештаи на Народниот правобранител за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права за 2023 година, за работата на Агенцијата за администрација за 2023 година, како и Годишниот извештај за работата на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија за 2023 година и за работата на Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка за 2023 година.
Единствена точка по која ќе расправаат членовите на Комисијата за одбрана и безбедност и Законодавно правната комисија е Предлог одлуката за испраќање на припадници на Армијата во меѓународната операција на Организацијата на обединетите нации „УНИФИЛ“, во Република Либан.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Победуваме на локални, имаме предност од 4:1
-
Мицкоски бара јавен притисок за промени во Судскиот совет
-
Украдени електрониката и каблите од новиот водовод на Трескавец, пуштањето во употреба одложено за март
-
УГД со бесплатни часови за матурантите по математика, физика, хемија и биологија
-
Младите сакаат брза заработка, не се заинтересирани за пракса
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Николоски, потпретседател на Влада
-
Протест во Неготино