Седници на две собраниски комисии
Во Собранието на Република Северна Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците и за европски прашања.
Годишните извештаи за работата на Државната комисија за спречување на корупцијата за 2021 година и на Државната комисија за одлучување во втор степен во областа инспекцискиот надзор и прекршочната постапка за 2021 година, се на дневниот ред на седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците. Пратениците членови на Комисијата ќе расправаат и по Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за нациoналната инфраструктура на просторните податоци на Република Македонија.
Единствена точка на дневниот ред на седницата на Комисијата за европски прашања е Предлог на закон за граѓанска одговорност за навреда и клевета
Ново на Сител
-
Преполовен прометот на маркетите по вчерашниот бојкот
-
Земаат плата, а не одат на работа – Ревизорите со години детектираат вакви проблеми во институциите
-
СДСМ: Дали ќе го чекаме Косово на патот кон ЕУ?
-
Протести во Струмица поради загаден воздух
-
Бизнисот и унгарскиот кредит
-
Во Охрид засилено се гради
-
Преглед на вестите од светот
-
Во Македонија над 140 луѓе годишно гинат во сообраќајки: Кога ќе профункционира Сејф сити?