Седници на четири собраниски тела
Во Собранието на Македонија денеска треба да заседава Комисијата за надзор над спроведувањето на посебната истражна мерка следење на комуникациите од страна на Министерството за внатрешни работи, Управата за финансиска полиција, Царинската управа и Министерството за одбрана.
На дневен ред е Предлог Деловникот за работа на Комисијата.
Седница во законодавниот дом треба да одржи и Буџетскиот совет на Собранието. Ќе се расправа за Предлог стратешкиот план на Собранието на РМ за периодот 2016-2018 година и за Предлог - буџетското барање на Парламентот за 2016-та, а треба да биде утврдено и мислење по Предлогот за продажба на движни ствари во Собранието на кои потребата од користење е престаната.
Комисијата за одбрана и безбедност, пак, ќе ја разгледа Предлог - одлуката за испраќање припадник на АРМ за учество во мировната операција на Европската унија „Алтеа“ во Босна и Херцеговина, а Комисијата за еднакви можности на жените и мажите ќе расправа за новите развојни стратешки цели и родовата еднаквост - еднаквите можности на агендата во Република Македонија.
Ново на Сител
-
Костадинов: Водата во Струмица е исправна - се чека потврда од ИЈЗ
-
Пациентите со рак на дојка бараат лекови на позитивната листа, подобрување на скринингот и нови протоколи
-
Нема медицински кадар, а се бркаат стручни лица од болниците
-
Малолетнички бракови тренд во Прилеп
-
Регионален центар за управување со отпад за истокот и североистокот
-
Преглед на вестите од светот
-
Ќе се најде ли натпартиски консензуз за уставните измени со одложено дејство
-
Тема на денот со министерот за култура, Зоран Љутков