Седницата за законот за ЈО закажана за 21 часот
Во Собранието на Република Македонија вечерва во 21 часот ќе се одржи 135. собраниска седница на која пратениците ќе расправаат за предлог-законот за Јавно обвинителство и Предлог-законот за Советот на јавни обвинители, потврдија за МИА од кабинетот на собранискиот спикер, Талат Џафери.
Пратениците во текот на денот беа повикани да дојдат во законодавниот дом, бидејќи според првичните информации седницата требаше да почне во 15 часот.
Двата закона вчера поминаа во Комисијата за европски прашања и во матичната Законодавно-правна комисија.
Според првичните информации денеска би се отворила расправата за законите, а за нив би се гласало следните денови. Собранието треба да се распушти најдоцна до недела, со цел да се запазат роковите за одржување на предвремените парламентарни избори, на 12 април.
Двотретинско мнозинство е потребно за законот за ЈО, кој не е официјален услов за добивање датум за почеток на преговори со ЕУ, но сепак од високите европски претставници се споменува како позитивен сигнал кој би можел да го придвижи процесот.
Ново на Сител
-
Тошковски: 80 години Оддел за заштита на определени личности и објекти, заради нив сме посилни и како држава и како општество
-
Физичка пресметка помеѓу двајца војници од Кондово и Матка
-
Кривична против 42-годишен скопјанец, физички нападнал полициски службеници
-
Кривична за 38-годишен штипјанец, сторено кривично дело „разбојничка кражба“
-
Лавров по разговорите во Ријад: Не само што се слушавме, туку и се слушнавме
-
Во Штип во текот на месецов регистрирани 283 случаи на грип
-
Овчите сипаници и во јануари најчесто акутно заразно заболување
-
Уставен суд утре ќе расправа по иницијатива за оценување на стажот на јавните обвинители во периодот на нивното членување во Советот на јавни обвинители