Седницата на Апелација за жалбата на Јанкулоска одложена за 25 февруари
Денешната јавна седница на Апелцискиот суд за жалбата на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска за пресудата во случајот „Тенк“, е одложена поради неприсуство на нејзините адвокати Боро Тасевски и Сања Алексиќ.
Како што беше кажано на седницата, адвокатите доставиле писмен поднесок со кој побрале одлагање на бидејќи поради други обврски биле спречени да дојдат.
Јанкулоска дојде на денешната седница, а од СЈО беа присутни обвинителите Фатиме Фетаи и Стревчо Донев.
Нова јавна седница по жалбата на Јанкулоска е закажана на 25 фебвруари во 9:30 часот.
Гордана Јанкулоска за предметот „Тенк“, на 8 октомври минатата година беше осудена на шест години затвор.
При набавката на службениот „мерцедес“ за поранешниот премиер, Никола Груевски, Јанкулоска ја злоупотребила службената положба и овластувања при што била нарушена и тендерската постапка бидејќи бил фаворизиран еден економски оператор.
Кривичниот суд во предметот за набавката на владиниот „мерцедес“, вреден 600 илјади евра, го осуди првообвинетиот Ѓоко Поповски на шест години и шест месеци затвор, а второобвинетиот Никола Груевски како поттикнувач за извршување на делото на две години затвор.
Апелацискиот суд во целост ја потврди првостепената пресуда за Никола Груевски, а делумно ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на четири и полгодини затвор.
Груевски избега во Будимпешта каде доби азил, а Поповски се наоѓа во затвор.
Ново на Сител
-
Научник кој живеел и работел во Нови Сад е Македонецот кој загина на железничката станица
-
Освен „шминка“, потребна е проверка и на стабилноста на објектите
-
Полицијата уапси еден од напаѓачите по синоќешното пукање во Арачиново
-
Убиство во Штип
-
Се интензивираат работите за изградба на автопатот Прилеп-Битола
-
Мицкоски му одговори на Ахмети - Наместо за избори, подгответе се за одговорност
-
СДСМ бара поддршка за законските измени
-
30 години дипломатски односи со Јапонија