Седница на Анкетната комисија за прислушувањето
Во Собранието на Република Македонија денеска седница треба да одржи Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето.
Како што најавија од македонското Собрание, на седницата на Комисијата треба да биде сослушан сведокот Зоран Ставревски, заменик претседател на Владата на Република Македонија и министер за финансии
Во Собранието денеска седници треба да одржат и комисиите за економски прашања и за здравство, како и Законодавно-правната комисија.
На седницата на Комисијата за економски прашања е Предлог-законот за дополнување на Законот за трговските друштва, во прво читање, и Предлог на законот за дополнување на Законот за енергетика, поднесен од пратеници од опозицијата, исто така во прво читање.
Членовите на комисијата за здравство, пак, треба да го разгледаат Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за здравствена заштита во прво читање.
Денеска во Македонскиот Парламент ќе се одржи и работна средба на Интерпартиската парламентарна група за правата на лицата со попреченост, на која ќе биде претставена Национална платформа за сексуално и репродуктивно здравје на лицата со хендикеп.
Ново на Сител
-
Трибина: Состојбите во современиот македонски јазик
-
Преглед на вестите од светот
-
Џафери со отчет за мандатот како технички премиер
-
Преглед на вестите од светот
-
ДИК ги објави првичните резултати за изборите за претседател и за парламентарните избори
-
Се вратија старите цени на полисите за осигурување
-
Тема на денот со Joван Деспотовски, СДСМ
-
ДИК ќе ги соопшти првичните официјални резултати од претседателските и парламентарните избори