Седми ден по ред САД бележат рекордни бројки на новозаразени од коронавирус
Седми ден по ред САД регистрираат рекорден дневен раст на нови случаи на коронавирус, а бројот на смртни случаи е најголем од август досега.
Британските медиуми јавуваат дека во последните 24 часа во САД се пријавени најмалку 134.000 нови случаи на инфицирани со вирусот. Дневниот просек во претходните две недели изнесуваше 120.000 нови инфекции дневно.
Бројот на смртни случаи во едно деноноќие за прв пат од август надмина 1.400, а само во последните 24 часа умреле 1.450 лица.
Зголемувањето на бројот на хоспитализирани, исто така, е загрижувачко, а во американските болници во моментов има сместено 61.471 пациент со Ковид-19, што е највисока бројка од почетокот на епидемијата.
САД се први во светот според бројот на потврдени и смртни случаи на коронавирус, со повеќе од 10,5 милиони заразени и околу 250.000 смртни случаи.
Ново на Сител
-
Брнабиќ: Екстремисти нападнаа студенти во блокада и студентите во Пионирски парк
-
Маж пронајден починат покрај опожарено товарно возило на автопатот Велес-Скопје
-
29-годишен прилепчанец преку лажен женски профил наведувал деца да разменуваат експлицитни слики и видеа
-
Халанд е најбрзиот кој стигнал до 100 голови во историјата на Премиер лигата
-
Српскaта полиција: На протестите во Белград 107.000 луѓе
-
Стоилковиќ кон Костовски: Ве напумпавме на избори, да не сакате и некое друго пумпање?
-
52-годишна жена пронајдена мртва во својот стан во Гази Баба
-
Лице пукало кон малолетник на Бит Пазар