Седми ден по ред САД бележат рекордни бројки на новозаразени од коронавирус
Седми ден по ред САД регистрираат рекорден дневен раст на нови случаи на коронавирус, а бројот на смртни случаи е најголем од август досега.
Британските медиуми јавуваат дека во последните 24 часа во САД се пријавени најмалку 134.000 нови случаи на инфицирани со вирусот. Дневниот просек во претходните две недели изнесуваше 120.000 нови инфекции дневно.
Бројот на смртни случаи во едно деноноќие за прв пат од август надмина 1.400, а само во последните 24 часа умреле 1.450 лица.
Зголемувањето на бројот на хоспитализирани, исто така, е загрижувачко, а во американските болници во моментов има сместено 61.471 пациент со Ковид-19, што е највисока бројка од почетокот на епидемијата.
САД се први во светот според бројот на потврдени и смртни случаи на коронавирус, со повеќе од 10,5 милиони заразени и околу 250.000 смртни случаи.
Ново на Сител
-
Макрон ја повика Русија да го прифати примирјето
-
Стармер: Путин не е сериозен во врска со мирот
-
„Еурактив“: Српската бавна револуција
-
Нејмар: Се чинеше дека моето враќање е блиску, но нема да можам да го носам дресот на Бразил
-
Хрватскиот премиер Пленковиќ опериран поради срцева аритмија
-
Норис најбрз на квалификациите за Големата награда на Австралија
-
Метеоролозите предупредуваат: Торнада и силни бури се закануваат на Југот на САД
-
Во Белград се очекува попладнево голем протест на студентите во блокада