Се зголемува бројот на пријавени штети од невремето во Делчево
Во Општина Делчево во тек е пријавување штети од невремето проследено со силен ветар, дожд и град кое го зафати градот минатата сабота. Заклучно со последниот ден од месец јуни годинава до Општинската комисија за проценка на штети од елементарни непогоди граѓаните доставиле 220 пријави за штети.
Пријавувањето на штетите предизвикани од невремето ќе трае до 10 јули, а претставници од Комисијата веќе одат на терен за проценка на досега пријавените штети.
-Согласно со првично пријавените штети и информацијата од ЦУК-Делчево, евидентирани се штети на кровот на ООУ „Ванчо Прке“, дел од кровот на детската градинка ОЈУДГ „Весели Цветови“, дел од кровот на Домот на културата, каде е сместена Општина Делчево и други институции и приватни субјекти. Најголемо оштетување има на трите згради на улица „Н.Ј.Вапцаров“, каде на две згради крововите се целосно оштетени, а од паѓање на кровната конструкција голема штета е нанесена на околни четири семејни куќи и возила кои биле паркирани во околината, информираа од Општината.
Во невремето како што додадоа оштетени се повеќе кровови на семејни куќи и објекти во целото подрачје на градот Делчево.
-Имаме регистрирано штета на возила од паднати делови од покриви како и паднати дрвја на улиците: „Булевар Македонија“, „Маршал Тито“, „М.М Брицо“, „Кеј на Брегалница“, „Браќа Миладинови“, „Трст“, „Острец“ и други. Во записникот се регистрирани и паднати 9 дрвени и 1 бетонски столб, како и кабли за снабдување со електрична енергија, додадоа од Општината.
Штета од невремето беше регистрирана и во село Бигла каде од удар на гром се усмртени 15 грла овци, 8 јагниња и 4 грла кози. Во отстранувањето на штетите направени од невремето учествуваваа припадници на ТППЕ – Делчево, вработени од со механизација од ЈКП – Брегалница, екипи на ЕВН – Подружница Делчево, Доброволното противпожарно друштво „Волонтер” и месното население од градот Делчево.
Ново на Сител
-
Ѓоковиќ елиминиран во четвртфиналето во Бризбејн
-
Николовски: Наплатата на приходите од ДДВ при увоз на патнички возила зголемена за над 482 милиона денари
-
Јовчески: Детето повредено кај Рашче, очекувам наскоро на домашно лекување
-
За повлечениот Предлог-закон за средно образование повторно ќе се дискутира за да се најде заеднички јазик, вели Јаневска
-
Француски осуденик држи неколку вработени во затворот како заложници
-
Лазаров пред СП 2025: Умерен оптимист сум
-
Мицкоски: Да видиме како ќе работи новиот претседател на Судски совет
-
Жестоко ќе реагираме ако повторно има несакани појави со цените, најавува Мицкоски