Се заканува незапаметена катастрофа: Разорен земјотрес ќе загрози 140 милиони луѓе!
Научниците предупредија дека „гигантски земјотрес“ му се заканува на подрачјето на јужна Азија и дека последиците од таа природна катастрофа ќе ја почуствуваат 140 милиони луѓе.
Со оглед на тоа дека научниците имаат на располагање многу малку податоци од историјата на земјотресите на подрачјето на јужна Азија, геолозите за сега не можат да предвидат кога ќе се случи земјотрес, но наведуваат дека тој ќе биде со магнитуда меѓу 8,2 и 9.
-Ние не знаеме кога точно ќе се случи. Не можеме да кажеме дека е неизбежен во следните 500 години. Но секако може да кажеме дека тој се гради, вели главниот на истражувачкиот тим Мајкл Стиклер од Универзитот Колумбија.
Сателитите помогнаа во истражувањето
Најновите сознанија за „гигантскиот земјотрес“ се резултат од 13-годишното следење на движењата под земјината кора, подрачјето каде се допираат индиската и суданската тектонска плоча (плоча Сунда). Иако научниците и порано знаеја дека постои „напанторст“ меѓу овие две плочи, претпоставуваат дека тие само лизгаат една покрај друга хоризонтално, што може да предизвика помали потреси.
Но во научните истражувања меѓу 2003 и 2013 година користеа сателити со кои може да се набљудува површинската активност на земјата, па научниците заклучија дека Бангладеш всушност лежи на огромна субдукциска зона (подрачје на кое една плоча тоне под другата).
Конкретно во овој случај тоа значи дека индијската плоча се турка под суданската плоча и тоа го измериле, за 17 милиметри годишно.
Ова е првпат научниците да откријат субдукциска зона под површината на земјата.
Загрозена и Дака
Податоците до кои тие дошле покажуваат дека во опасност е подрачјето во обем од околу 250 км., а на „вулканот“ кој би можел да предизвика катастрофален потрес е и главниот град на Бангладеш Дака. Тоа за жителите на ова подрачје значи години во неизвесност и страв.
Некои од нас долго се сомневаат на таа опасност, но немавме конкретни податоци. Сега имаме податоци и модел и може да ја процениме и силината на потресот, вели Стеклер.
Некои од најголемите потреси кои се забележани во историјата во субдукциските зони е потресот кој во 2004 година го погоди Индискиот океан, кога загинаа 230.000 луѓе и катастрофалниот земјотрес кој во 2011 година ја погоди Јапонија.
Ново на Сител
-
Клековски: За само една година направиме две промени во позитивната листа , го зголемивме и бројот на ин витро постапки од 3 на 6
-
Мајор уапсен за шпионажа: Наводно доставувал информации на Русија за украинските борбени авиони
-
Над 100 луѓе се убиени во израелски напади во Појасот Газа за еден ден, соопштија здравствените власти во енклавата
-
Сиљановска-Давкова до Бирн: Ирска да продолжи да се залага за кредибилен процес на пристапување базиран на заслуги
-
Жители на Русиново остануваат на терен по синоќешниот пожар кај месноста Св Марко кој е локализиран
-
Министерот Тошковски присуствуваше на отпочнување на процесот за полагање на испит за ракување со оружје
-
Илјадници обожаватели се простија од Ози Озборн
-
Трамп воведува 25 отсто царина на индиска стока, критикувајќи ги врските со Русија