Се уште гори кај село Крупиште
Се уште е активен пожарот меѓу селата Крупиште, Пишица и Горни Балван во општините Карбинци и Пробиштип.
Во моментов пожарникарите се во атарот на село Крупиште каде што гори сува трева, дрвја и нискостеблеста шума. Пожарот се гасне само со рачни пумпи и метли. Теренот е непристапен, бидејќи станува збор за ридски предел.
Пожарот е активен од вчера од 16 часот, а во моментов, како што велат пожарникарите, нема материјална штета. Изгорена е сува трева, дрвја и нискостеблеста шума.
Станува збор за голема површина за која што, како што велат пожарникарите, се уште не може да се утврди колку хектари изгореа.
Причините за пожарот, како што велат, дополнително ќе се утврдуваат.
Во гаснењето на пожарот учествуваа пожарникари од Штип, Пробиштип, Кочани, комуналните претпријатија и вработени во ЈП „Национални шуми“.
Ново на Сител
-
Печатено издание на „Плејбој“ - прво по пет години
-
Почна дводневниот бојкот на супермаркетите во Црна Гора
-
Марсело ја заврши кариерата
-
ИОК со реакција за забраната на Трамп за трансродови лица во спортот
-
Средба на Управниот одбор на ЗЕЛС со министерката за финансии
-
Македонските кошаркарки убедливо поразени во Белград
-
Приведен 50-годишен маж од Тетово поради кражба
-
Обвинение за четири лица за изведбата на фасадата на Владата