Се уште е рано да се одреди крајната цена на струјата
Ако Регулаторна ги прифати барањата на енергетските компании, цената на сметка за струја од 1000 денари би се зголемила за најмногу 50 денари, но под услов ЕСМ да не ја зголеми цената за произведената струја што треба да ја понуди на следниот тендер кој ќе се одржи во јуни.
Првиот човек на Регулаторна не очекува значајно поскапување. Вели дека тоа се барања на компаниите кои тие допрва ќе ги разгледуваат. Но, нема да прифати никакви дополнителни трошоци кои не се однесуваат дирекно на дистрибуцијата и преносот на струја.
Сепак, најголемо влијание на крајната цена на струјата ќе има понудата ЕСМ, односно цената по која ЕСМ ќе ја продава струјата на универзалниот снабдувач во следните шест месеци.
Крајната цена за регулираниот пазар на струја од каде се снабдуваат домаќинствата ќе се знае до крајот на јули, а ќе важи од август.
Лани струјата поскапе за 7,4‰
Мирјана Јовеска
Ново на Сител
-
Уапсени двајца возачи, возеле со по 1,93 и 1,59 промили алкохол во крвта и предизвикале сообраќајни незгоди
-
Лишени од слобода две лица во скопско Рашче, пукале на свадба
-
Билки штетни за во спалната соба
-
Зидан ќе ја предводи Франција по СП 2026
-
Четвртфинале за младиот македонски тенисер Алексовски
-
Македонија домаќин на Светско училишно првенство во ракомет 2026
-
Трамп повторно се заканува дека ќе ја преземе контролата врз „ужасниот“ Вашингтон
-
За време на викендот почнуваат роковите за локалните избори на 19 октомври