Се урна руски воен транспортер, кој превезувал 65 украински заробеници
Русија денеска соопшти дека воен транспортен авион ИЛ-76 со 65 украински воени заробеници се урна во западниот регион Белгород, на границата со Украина, јави Би-Би-Си.
„Во авионот имало 65 заробени војници на украинската армија кои требало да бидат транспортирани заради размена во регионот Белгород, шест членови на екипажот и тројца придружници“, соопшти руското Министерство за одбрана.
Регионалниот гувернер Вјачеслав Гладков изјави дека е информиран за „инцидентот“, но не даде дополнителни детали.
Видеото споделено на социјалните мрежи покажува како авион понира во близина на селото Јаблоново проследен со експлозија, околу 11:00 часот по локално време (08:00 часот по Гринич).
Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков изјави дека Кремљ знае за несреќата, но одби да навлезе во детали, истакнува Би-Би-Си.
Ново на Сител
-
Обвинителката Ленче Ристоска е задоволна од одлуката на Уставен суд
-
Тема на денот со Милан Стефаноски, надворешно политички аналитичар
-
Трамп: Русија е во подобра позиција за преговори од Украина
-
Изгоре стан во Кисела Вода – Пет лица се повредени
-
Со сатар и два ножеви скопјанец се обидел да влезе во Кривичниот суд
-
Од денеска замрзнати цени и маржи, казните за непочитување се до 10 илјади евра
-
Бизнисот ги бара парите од солидарниот данок, Финансии ги убедува да прифатат пребивање
-
МОН и СОНК пред потпишување на колективен договор