Се трага по уште една потенцијална жртва од пожарот на Пелопонез
Пожарникарите во приморскиот град Агиос Теодори, кој се наоѓа на грчкиот полуостров Пелопонез, меѓу Атина и Коринт, денеска целосно го ставија под контрола големиот шумски пожар во кој загина едно лице, а во тек е потрага по уште една исчезната жена.
Пожарот избувна во пошумено подрачје на периферијата на Агиос Теодори вчера по 15 часот и за брзо време стигна до населениот дел на областа.
Како што јави дописникот на МИА од Атина, пожарникарите успеале да спасат еден 84-годишен маж и една 80-годишна жена, кои се хоспитализирани со изгореници.
Пожарникарите при гаснењето на огнот во еден шанец пронашле јагленосано тело, кое се уште не е идентификувано.
Грчките медиуми првично јавија дека претпоставува оти телото и припаѓа на една 79-годишна жена, која вчера во попладневните часови биле пријавена како исчезната, но спасувачките тимови сепак продолжуваат со потрагата по неа.
Огнената стихија уништи најмалку две куќи, а гаснењето на пожарот го отежнуваше силниот ветер.
Ново на Сител
-
ЦУК: Четири активни пожари, три под контрола
-
Трамп нагласи дека имал „многу добар разговор“ со европските лидери
-
Шефот на НАТО вели дека Европа и Трамп се обединети во напорите за завршување на војната во Украина
-
Пожарите во Албанија не стивнуваат, најкритично во Делвина и Финиќ, опозицијата бара прогласување вонредна состојба
-
Вучиќ најави дека нема да се кандидира на следните избори
-
Венс: Трамп ми рече дека има мисија да го врати мирот во Европа
-
ЦУК: Пожар од поголеми размери избувна кај Октиси, авион на ДЗС на пат кон локацијата
-
Полицаец во Кичево физички нападнал повикано лице во полициска станица