Советот отвори истрага по жалбата од родителите, откако целиот случај стигна до медиумите.
„Постојат силни докази за негрижата на лекарите, што може да доведат до санкции“, рече за РТП Александре Валентим Лоренцо, шеф на медицинскиот совет за јужниот регион.
Ги негирал деформитетите
Карваљо ја следел бременоста на мајката на Родриго во приватна клиника во Сетубал, каде направил три задолжителни ултразвук прегледи, но не го известил семејството за никакви потешкотии или деформации,
Родителите ги предупредиле на можна аномалија на фетусот во шестиот месец од бременоста и побарале дополнителни ултразвучен тест, но лекарот ги уверувал дека такво нешто не им е потребно.
„Објаснил дека понекогаш некои делови од лицето не се видливи на ултразвук“, рече Џоана Симао, сестра на жената која се породи. Бебето се уште се наоѓа во родилиштето.