Се реконструира и проширува подрачното училиште во Хром
Премиерот Никола Груевски, заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски и градоначалникот на Општина Ѓорче Петров Сокол Митровски денеска го посетија подрачното училиште ОУ „Димитар Поп Георгиев - Беровски“ во населбата Хром каде во моментов се врши доизградба и реконструкција.
Со новиот проект, зградата ќе има два ката, предвидени се шест нови училници, четири тоалети, технички и работни простории и нов простор за библиотека. Ќе биде реконструиран и стариот покрив на постоечкиот објект и ќе биде изѕидана и нова термоизолациска фасада со што ќе се намали потрошувачката на енергија. Во дел од стариот објект ќе бидат заменети и плочките во санитарните јазли, одводната и водоводната инсталација, а во дел од постоечките училници ќе биде заменет и подот. Овој зафат треба да заврши за шест месеци. Работите ќе ги изведува „АЛДИНГ – Инженеринг“ од Скопје, а средствата во висина од 27,5 милиони денари се обезбедени од Владата преку Министерството за образование и наука.
За сите ученици Општина Ѓорче Петров обезбеди бесплатен превоз до Централното училиште „Димитар Поп Георгиев – Беровски“ каде ќе посетуваат настава се додека објектот се реконструира и проширува и децата ќе бидат превезувани од одредени локации близу нивното живеалиште до училиштето и обратно.
Ново на Сител
-
Пожарот во „Пулс“ ја зеде 61-та жртва, почина пациентот кој се лекуваше во Литванија
-
Таткото на Вања негира вмешаност во случајот
-
Тема на денот со Аким Али, претставник на СЗО на Македонија
-
15 години клиничка болница “Аџибадем Систина”
-
Преглед на вестите од светот
-
Пожарот во Пулс ја зеде 61-та жртва, почина пациент кој се лекуваше во Литванија
-
Таткото тврди дека не е виновен
-
Мицкоски: Анкетната комисија за Кочани, да се прошири и за другите трагедии