Балкан
24. December 2015 - 10:43

Се разнесе полицаец, татко на четири деца

Полицаец не го издржа притисокот во пресрет на реорганизацијата на МВР, па си пукал во главата и сега е во критична состојба.

Според српски Курур, Недељко Кукољ (45) од Нова Варош  се обидел да се самоубие бидејќи стравувал од отказ, а е татко на четири деца.

Колегите го пронашеле неговото тело во локва крв и со пиштол во раката, по што е пренесен во болница и се  наоѓа во критична состојба.

Се борел на боиштата во Босна, Косово и Бујановац, а живеел во голема беда и не можел да ги прехрани сопругата и четирите деца.