-->
-->
Се продаваат стопански и парцели за домување во Прилеп
-->
Седум градежни парцели во индустриската зона „Прилеп 2“ и 20 парцели за домување во новата населба „Градина“ објави на продажба локалната самоуправа во Прилеп.
На денешмната прес-конференција Александар Јованоски од одделенеито за урбанистичко планирање во локалната самоуправа објасни дека објавата е во тек.
- Станува збор за седум градежни парцели кои се нудат за продажба во индустриската зона „Прилеп 2“ во населбата „Сточно пазарише“ на периферијата од градот. Тие се во делот од индустриската зона наменети за сервиси, мало стопанство и за стоваришта. А 20-те нови парцели за домување се нудат на продажба за семејни куќи во новата населба „Градина“ кај некогашните прилепски оранжерии, појасни Јованоски.
Јованоски информира дека пријавите за учество на јавното наддавање може да се достават електронски.
- Почетна цена е 61 денар за еден метар квадратен со 10 денари чекор за наддавање за парцелите наменети за домување во населбата „Градина“ и 100 денари чекор за наредно наддавање за градежните парцели во индустриската зона „Прилеп 2“. Право на учество имаат сите физички и правни лица од Македонија и од странство, а депозитот кој треба да се уплати е 30 проценти од вкупната почетна цена, рече Јованоски.
Прилепскиот градоначалник Марјан Ристески ги повика граѓаните и сите заинтересирани домашни и странски инвенститори да се пријават по електронски пат и да учествуваат во елкетронското надавање.
- Локалната самоуправа е обврзана инфраструктурно да ги уредува и индустриската зона и населбата „Градина. процесот е во тек. Се гради патната инфаструктура, водоводот, канализационата мрежа и се асфалтираат улиците, вели Ристески.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тошковски: Јасен е ставот на Владата за разрешувањето на Коцевски
-
Приведени 20-годишник и малолетник од тетовско, пронајдена марихуана и нож во нивното возило
-
Бегалец од затвор при преглед на неговото возило приложил фалсификувани бугарски документи за идентификација
-
Кешишев се прекрстува и се упатуваат кон Велес, снимки презентирани на судењето за убиствата на Вања и Панче
-
Мицкоски: Македонскиот јазик не е само средство за комуникација, туку жива историја, длабока емоција и идентитет
-
Македонската кибербезбедност петта најранлива во Европа
-
Мувлосаниот леб нема здрави делови, фрлете го цел
-
Естонија прогласена за земја со најчист воздух во светот