-->
-->
Мицкоски: Македонскиот јазик не е само средство за комуникација, туку жива историја, длабока емоција и идентитет
-->
-Македонскиот јазик не е само средство за комуникација, туку жива историја, длабока емоција и идентитет што го носиме во секој збор. Да го чуваме, негуваме и гордо пренесуваме на идните генерации, бидејќи секоја изговорена реченица е сведоштво за нашата култура, традиција и непокор. Среќен нека е денот на сите што зборуваат од срце, на јазикот на своите корени!, објави премиерот Христијан Мицкоски на Фејсбук по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик.
-Денес, на Меѓународниот ден на мајчин јазик, да му оддадеме почит на јазикот што нè обликува, нè учи да сакаме, да се бориме и да мечтаеме. Јазикот е наш долг и наше право – Крсте П. Мисирков, напиша Мицкоски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Задутре онлајн состанок на европските министри за одбрана за Украина
-
Трамп го отпушти највисокиот американски воен функционер
-
Поднесено обвинение против три лица кои со секира искршиле и запалиле кафуле во Кисела Вода
-
Задушница - спомен за починатите
-
Бесплатен разглед на Скопје и Битола по повод Светскиот ден на туристички водичи
-
Студено утро, преку ден сончево со мала облачност
-
Состојба на патишта
-
Родители во Велика Британија поднесоа тужба против ТикТок поради податоци за починати деца