Балкан
9. July 2016 - 9:41

Се појави манијак: Ги држи рацете во гаќи, жените во паника

Непознат маж утрово во 8:30 на автобуската станица на Бранковиот мост во Белград, стоел со рацете во шорцевите и ги плашел жените кои чекале автобус.

„Излегов од автобусот број 65, требаше да почекам друг автобус. Една девојка втрча во автобусот карајќи се со некого, говорејќи: „Ти мене ќе ме напаѓаш, будало една“. Не разбрав веднаш за што се работи, но додека стоев на станицата, непознат маж ги држеше рацете во шорцевите и се движеше напред назад, им се приближуваше на жените, а тие уплашени бегаа на другата страна“, изјави М.П. , која се нашла на лице место.

Како што вели, полека сфатиле дека се работи за лице со пореметување и почнале да се тргаат на другата страна. Меѓутоа тој не се откажувал, им се приближувал на жените. На крајот се створила гужва па непознатиот маж отишол на другата страна.