-->
-->
Се пензионира Тина Мазе
-->
Најуспешната спортистка на Словенија, светска и олимписка шампионка, Тина Мазе, на Похорје ја заврши својата кариера.
Тина Мазе (33), на велеслаломот за традиционалната „Златна лисица“ застана непосредно пред целта, ги извади скиите и влезе во целта. Мазе во Светскиот куп победила на 26 трки, има 81 пласман на победничкиот пиедестал, а во 2013 година го освои големиот кристален глобус.
Мазе има освоено четири олимписки медали, два златни во Сочи во 2014 година во спуст и велеслалом и два сребрени во Ванкувер во 2010 година во супервелеслалом и велеслалом.
На светските првенства има освоено пет златни и четири сребрени медали.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Трамп „не е задоволен“ со Путин, разгледува нови санкции
-
ЦУК: Активни 11 пожари, еден под контрола
-
Потпишан договор за грант од 5,5 милиони евра за енергетска реконструкција на студентски домови
-
Најмалку осуммина повредени во невремето што попладнево го погоди Белград
-
ЕК за концертот на Томсон: Го осудуваме секој израз на фашизам, членките на ЕУ да го казнат говорот на омраза
-
Голема брзина над дозволената причина за несреќата во која загинаа Жота и Силва
-
Вардар и Алкалоид се двете македонски екипи во Лига Европа во ракомет
-
Владата прогласи кризна состојба од 30 дена поради пожарите