-->
-->
Се пензионира првиот Британец, победник на Тур'де Франс
-->
Британскиот велосипедист, еден од најдобрите во историјата на овој спорт, сер Бредли Вигинс објави крај на кариерата.
„Имав среќа да го остварам детскиот сон, да изградам кариера во спортот во кој се вљубив кога имав 12 години. Ги запознав своите идоли и возев покрај најдобрите цели 20 години. Работев со најдобрите тренери и менаџери и секогаш ќе им бидам благодарен за поддршката“, наведува Вигинс во своето соопштение.
Сер Бредли Вигинс во кариерата освоил осум олимписки медали, пет од нив се златни. Тој во 2012 година победи на „Тур д’Франс“ и стана првиот Британец со победа на најпрестижната трка во светот на велосипедизмот.
„Засекогаш ќе ја паметам поддршката и љубовта која ја добивав од јавноста во моментите кога ми беше најтешко. Велосипедизмот ми даде сé, но ништо немаше да постигнам без поддршката на мојата сопруга Кет и нашите две ќерки“, дополнил 36-годишниот Вигинс.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Помина интерпелацијата на Илире Даути
-
Помина интерпелацијата на Илире Даути
-
Тема на денот со Д-Р Дејан Докиќ, специјалист пулмоалерголог од клиниката за пулмологија и алергологија
-
10 жртви во пожарите во Лос Анџелес
-
Пет интерпелации на денешната собраниска седница
-
Тошковски: Повторно го повикувам Груби доброволно да се врати во Македонија и да ја докаже својата невиност
-
Избришано видеото со Ахмети во униформа на УЧК
-
Министерството го вклучи алармот за загадениот воздух