Се намалува бројот на првачиња во Гевгелија
Споредувањето на бројот на запишани првачиња и гимназијалци во гевгелиските училишта со бројот на запишани во изминатите години, покажува континуирано намалување на новозапишани ученици од година во година.
Пред три години во основните училишта на територијата на општина Гевгелија биле запишани 258 првоодделенци,во 2016/2017 година нивниот број се намалил на 215,а во новата 2018/2019 година нивниот број изнесува 191 што покажува дека бројот на првачињата за три години се намалил за 67 ученици.
Во гимназиските клупи на средното училиште ,,Јосиф Јосифовски,, во Гевгелија ќе седнат 671 ученик во новата учебна година,број кој речиси е преполовен со бројот на запишани гимназијалци од пред петнаесетина години.
Новата учебна година,во понеделник на 3 септември,во општина Гевгелија ќе почне за 1.905 ученици во основните училишта и 671 во гимназијата или вкупно за 2.576 ученици.
Ново на Сител
-
Во владината коалиција се разговара за промена на државниот грб
-
Тема на денот со Благоја Пандовски, претседател на Транспаренси
-
Уставен поведе постапка за оценување на уставноста на измените на КЗ
-
Премиерот го повика државниот обвинител сам да поднесе оставка
-
Членовите на Судски совет прво ќе анализираат па дури потоа ќе кажат дали ќе си поднесат оставка
-
Доживотен затвор за убиецот на штипјанката Емилија Пешева
-
Без тапани, со економска поддршка ќе се бранат Македонците во Албанија
-
Пропадна обидот за намалување патни трошоци