Се капел во зоолошка покрај носорози и антилопи, уапсен маж од Нов Зеланд
Маж е приведен денеска во Зоолошката градина во Оукленд, Нов Зеланд, откако упаднал во заграден простор за животни и лежерно се капел во езерце покрај „вџашените“ и вознемирени носорози и антилопи, јавија тамошните медиуми. Снимки од случката прикажуваат како човекот лежи во водата на грб, па си го мие лицето и косата.
– Животните, разбирливо, беа вџашени од натрапникот, изјави гласноговорникот на Зоолошката.
Ограденото место е живеалиште на носорози и антилопи со спирален рог. Човекот бил во вода „неколку минути“ пред да одговори на инструкциите на вработените да излезе од ровот. Истиот бил изнесен вон оградата и предаден на полицијата.
Директорот на зоолошката градина Кевин Були рече дека „многу му олеснало“ зашто нема повредени животни и посетители.
Ново на Сител
-
Најмалку тројца загинати во руски напад врз украинскиот град Николаев
-
Флекс Кредит ја одржа 4-тата продажна конференција во хотел Метропол Охрид: Награди за најдобрите вработени и прослава на четиригодишна извонредност
-
Косово бара од Србија да го потврди идентитетот на убиениот кој се сомничи за убиство на српскиот полицаец
-
Анкета: Харис би била добра претседателка на САД
-
Анализа: Планот на Фон дер Лајен за проширување на ЕУ не се совпаѓа со анализите на институтите на ЕУ
-
Со петиција против задолжителниот воен рок во Хрватска
-
Нетанјаху не дозволи во Израел да се изгради привремена болница за децата од Појасот Газа
-
Пороен дожд и грмежи во Охрид, Свети Николе и Струмица