Се изготвува извештај од распитот на Ден Дончев, ќе биде доставен до ОЈО
Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев на прес-конференција соопшти дека во моментов се изготвува соодветна службена белешка, односно извештај за Ден Дончев кој во текот на денешниот или утрешниот ден ќе биде доставен до Основното јавно обвинителство.
Прашан дали е готов извештајот од распитот на Ден Дончев и кога ќе биде испратен до Обвинителството, Чулев ја објасни постапката. – И Ден Дончев како функционер, врз основа на повик од Јавното Обвинителство до Управата за финансиска полиција и министерот за внатрешни работи, ние постапивме. Ден Дончев беше повикан како поранешен функционер во Владата. Беше извршен разговор со него со цел добивање податоци и информации во врска со објавените снимки на кои се гледа како тој зема финансиски средства. Колегите од Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал извршија разговор во траење од околу 40 минути, рече Чулев.
Дончев, како што рече, беше во придружба и на бранител, адвокат.
Министерот Чулев рече дека чекаат дополнителни насоки од Обвинителството. Најави доколку има потреба, МВР ќе постапува и во идни случаи на јавно објавени снимки ако, како што рече, оценат колегите дека постојат елементи за кои треба учесниците на евентуалните настани да бидат повикани на разговор.
Ново на Сител
-
Секоја година се намалува бројот на првачиња во општините од истокот
-
Доколку продолжи деградацијата на езерото ќе исчезнат ендемичните видови
-
Преглед на вестите од светот
-
Поднесени 18 приговори до ДИК, роковите течат
-
Течат роковите за приговори
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Полицијата го пронајде виновникот за пожарот на мостот „Беласица“: 37-годишникот е веќе во затвор
-
Се гради помалку, но 5 пати поскапо од лани