Се гради улица „5“ во Ново село во општина Ѓорче Петров
Во населбата „Ново село“ во општина Ѓорче Петров во тек се активности за изградба на улица бр. „5“, во должина од 780 метри и шест метри ширина. Ќе бидат изведени и банкини со широчина од 0,75 метри од двете страни на улицата.
Инвестицијата за изградбата на улицата изнесува 110 илјади евра, обезбедени од Министерството за животна средина и општинската каса.
- Со изградбата на оваа улица ќе се реши пристапниот пат до новата пречистителна станица и ќе се решат и долгогодишните проблеми на граѓаните кои години наназад, зависно од годишното време, мораа да газат кал и да голтаат прашина. Многу често се случуваше да е тешко проодна и за моторните возила. Општината претходно постави нова канализациска и водоводна мрежа, соопшти општина Ѓорче Петров.
Градежните работи на улицата „5“ треба да завршат до крајот на следниот месец.
Ново на Сител
-
Шумската полиција фати голема група дрвокрадци во штипско
-
ЈКП Гази Баба пријави загадување на водата во Булачани
-
Уапсен 37 годишен скопјанец, физички ја нападнал поранешната партнерка и нејзините три ќерки
-
Сакала да му раскине, но добила закани од дечкото дека ќе сподели интимно видео
-
Кривична против 32 годишен охриѓанец, за сторено кривично дело измама
-
Уапсен 39 годишник од кичевско, со 1,80 промили алкохол во крвта управувал со возило
-
Израелски авиони погодија зграда во предградие на Дамаск
-
Од следната недела пад на дневните температури за 7 до 10 степени