Се гради пречистителна станица во Чешиново Облешево
Во населеното место Кучичино во општина Чешиново Облешево започнаа градежните работи на изградбата на пречистителната станица за одпадни води. Во непосредна близина на ова населено место механизација активно работи на терен и во моментот се изведуваат земјените работи, порамнувања и прилагодувања на теренот.
- Изведувач на проектот е компанијат „ЕКО-ИНА" од Хрватска, а активностите ги врши подизведувачот „Алфа-Инженеринг" од Радовиш. Изградбата на пречистителната станица е финансирана од Швајцарската амбасада преку Проектот за управување со речниот слив на река Брегалница. Вредноста на проектот изнесува 23 милиони денари. Со оваа пречистителна станица ќе се овозможи третирање на отпадните води, со што ќе се намали загадувањето на водите на реката Брегалница, информираше градоначалникот Костадин Личков.
Во пречистителната станица кај Кучичино ќе бидат третирани отпадните води од неколку населени места со што ќе се овозможи речниот слив на Брегалница да биде помалку загаден. Ова ќе придонесе за еколошка заштита и на земјоделските површини кои се наоѓаат покрај речното корито на река Брегалница.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Не знам дали е можен исчекор во евроинтеграциите до крајот на годината, но ќе сториме се да најдеме решение
-
Повеќе договорени, а помалку извршени градежни работи во странство
-
Претседателката Сиљановска Давкова формираше Совет за млади
-
Две нови инвестиции до крајот на месецот и 500 нови работни места, најави Мицкоски
-
На италијанскиот бизнисмен Бечети исплатени 110 милиони евра, најголема отштета што Албанија платила досега
-
Полицијата расчисти два напада со нож во Скопје во кои беа повредени двајца малолетници
-
Намален откупот и продажбата на земјоделски производи
-
Нови израелски напади врз упоришта на Хезболах во предградија на Бејрут