Се гради нов мост меѓу пробиштипските села Ратавица-Бунеш
На Злетовска река интензивно се гради новиот мост, лоциран меѓу пробиштипските села Ратавица и Бунеш. Градоначалникот на Пробиштип, Тони Тоневски вели дека во моментот се градат темелите на мостот, а рокот за изградба е шест месеци.
Тоневски посочи дека овој мост е единствен премин меѓу селата Ратавица и Бунеш.
- Мостот беше значително оштетен од минатогодишните поплави , дури беше забранет и за употреба. Ние изработивме проект, со кој што аплициравме заедно со Центарот за развој на источно планскиот регион до Агенцијата за финансиска подршка на земјоделието и руралниот развој и ни беа одобрени три милиони денари, а Општина Пробиштип учествува со околу еден милион денари во реализацијата на проектот. Значи вкупниот буџет за овој проект е четири милиони денари, вели Тоневски.
Ново на Сител
-
Во Македонија над 140 луѓе годишно гинат во сообраќајки: Кога ќе профункционира Сејф сити?
-
Протестите со поддршка и од премиерот
-
Протест за смртта на Фросина и во Неготино
-
Тема на денот со Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО - ДПМНЕ
-
Нови несогласувања помеѓу лекари и директорката на клиниката за деца „Козле“
-
Протест за смртта на Фросина
-
Има ли одговорност кај обвинителството и судството?
-
Бојкот на маркетите поради високите цени