Македонија
25. July 2016 - 11:35

Се гради нов мост меѓу пробиштипските села Ратавица-Бунеш

На Злетовска река интензивно се гради новиот мост, лоциран  меѓу пробиштипските села Ратавица и Бунеш. Градоначалникот на Пробиштип, Тони Тоневски вели дека во моментот се градат темелите на мостот, а рокот за изградба е шест месеци.

Тоневски посочи дека овој мост е единствен премин меѓу селата Ратавица и Бунеш.

- Мостот беше значително оштетен од минатогодишните поплави , дури беше забранет и за употреба. Ние изработивме проект, со кој што аплициравме заедно со Центарот за развој на источно планскиот регион до Агенцијата за финансиска подршка на земјоделието и руралниот развој и ни беа одобрени три милиони денари, а Општина Пробиштип учествува со околу еден милион денари во реализацијата на проектот. Значи вкупниот буџет за овој проект е четири милиони денари, вели Тоневски.

Жителите на двете села велат дека се задоволни што ќе добијат нов мост, кој ќе им ја олесни комуникацијата и пристапот до нивните ниви. Општина Пробиштип  пред да се гради мостот го асфалтираше и локалниот пат меѓу двете пробиштипски села  Ратавица –Бунеш.