Македонија
14. July 2017 - 21:47

Се гради атмосферска и водоводна мрежа во Сингелиќ

Во населеното место Сингелиќ во Скоје денеска почна изградбана атмосферска канализација и нова водоводна мрежа на улицата број 28. На почетокот на градбата присуствуваат градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и градоначалникот на Општина Гази Баба, Тони Трајковски.

Станува збор за проект во чија реализација учествуваат Градот Скопје, Општина Гази Баба и ЈП „Водовод и канализација“. Општината ќе го изврши ископот, а монтажата и поставувањето на водоводот и атмосферската канализација ќе го изврши ЈП „Водовод и канализација“.

По завршување на изградбата на амосферската и водоводната мрежа, ќе се изврши санација на улицата 28 со средствата што Градот Скопје ги издвои за санација на оштетената инфраструктура во сите населени места кои претрпеа штети за време на поплавите минатиот август.