Македонија
13. October 2024 - 13:15

Наутро ладно, преку ден топло - заладување од четврток

Во текот на работната седмица времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Од четврток ќе има услови за појава на утринска магла, а дневните температури ќе бидат во опаѓање.

Во понеделнк и во вторник највисоката температура ќе биде до 28 степени, додека во среда 27 степени.

Опаѓање на дневните температури се очекува во четврток, каде максималната температура ќе биде до 23 степени.