-->
-->
Се градат три патни правци во Крива Паланка
-->
Започна изградбата на три локални патни правци во Крива Паланка, a се врши асфалтирање и санација на повеќе градски и приградски улици.
Се работи на т.н Руски пат до манастирскиот комплекс „Свети Јоаким Осоговски“, а започнаа активностите и на патниoт правец во село Жидилово и во Kалин Камен.
Oд локалната самоуправа на општината најавија пролетна градежна офанзива во општината.
- Интензивно се работи на расчистување на трасата на патот кон манастирот, во консултација со експерти градежниците вршат ублажување на големата нагорнина на најголемито свиок на патот. Овој нов пат ќе овозможи побрз пристап до манастирот, со оглед на тоа што на постојнит пат се појавија свлечишта, а на места патот пропаѓа, информира Арсенчо Алексовски, градоначалник на Крива Паланка.
Останатите два патни правци опфаќаат вкупна изградба на три километри нов асфалтен пат.
- Освен овие два километри нов пат до манастирот, во туристичкито локалитет Калин Камен ќе се изградат уште два километри од м.в. Ловечка куќа до Езерцето, а во село Жидилово еден километар. За трите патни правци ќе бидат вложени околу 45 милиони денари,обезбедени од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието и руралниот развој, додаде Алексовски.
Во општината во тек е асфалтирање и на неколку градски улици во рамки на програмата за изградба и одржување на локална патна инфраструктура, а отпочна и проектот за изградба на три канализациони системи во руралните подрачја, но и во градот.
- Се гради канализација во село Мождивњак, потоа во село Далбочица, а со проектот ќе се прави канализација и во Дурачка Река. Сите се финансираат од АФПЗРР, со средства во висина од 20 милиони денари,потенцира Алексовски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неексплодирана граната од Првата светска војна пронајдена кај струшкото село Калишта
-
Брнабиќ: Студентите во блокада планираат ултимативен удар на Србија за Видовден
-
За викендот стабилно и посвежо, а потоа затоплување и температури до 38 степени
-
Кривична против три физички и две правни лица за даночни измами, го оштетиле државниот буџет за 9.512.881 денари
-
Кавадарчанец при реновирање во ѕид пронашол 18 парчиња стар експлозив и фитил
-
Контролорите на летање најавуваат штрајк доколку не се поништи огласот за нови вработувања во М-НАВ
-
Зголемена стапката на морталитет, повеќе умираат мажите, најмногу во јануари, а најмалку во април
-
Приведен 20-годишник од Скопје, возел со 121 километар на час на место каде е дозволено 50