Македонија
27. April 2018 - 8:56

Се градат пристапни патишта во Македонска Каменица

Во Македонска Каменица започна асфалтирањето на пристапните патишта во неколку маала во селата во општината. Како што истакна градоначалничката Соња Стаменкова изградбата и реконструкцијата на пристапните патишта во селските средини е предвидено со Програмата  за работа од 2018 година.

- Фирмата изведувач „Стоименов“ ДООЕЛ - Кочани, започна со асфалтирање на пристапни патишта до Доганско маало и Цоцевско маало во село Дулица. Станува збор за пат со должина од 1055 метри и ширина на тампониран дел од коловозот од  5,5 метри со 3,5 метри асфалт. Финансиската вредност на овој проект е 6.847.871 денари, истакна Стаменкова.

Таа додаде дека е планирана и изградба  на уште неколку пристапни патишта во останатите рурални средини, како и изградба на повеќе помали кракови, со цел обезбедување подобри услови за живеење на жителите и во руралните средини од општина Македонска Каменица.