Се е подготвено за 22-тото издание на карневалот под маски во Куратица
Жителите на охридското село Куратица и годинава 22 пат славата на селото по повод празникот Свети Василиј Велики ќе го одбележат со голем карневал под маски. Курајчани се подготвени да ги пречекаат сите заинтересирани за нивната веќе традиционална веселба.
Според веќе воспоставената практика, карневалска програма и овојпат почнува на 13 јануари во 18 часот со поаѓање на василичарската поворка од пред васличарскиот оган до сите домаќинства во селото, што трае во текот на целата ноќ до раните утрински часови.
Централниот настан на манифестацијата е на 14 јануари од 19 часот, додека самата парада на макскираните василичари е предвидена за 20:30 часот. Вечерта ќе биде збогатена со забавна музичка програма, додека во 22:30 часот е предвидено прогласување на најуспешните маски, и тоа во две категории, за деца и возрасни. Веселбата со уметниците Влатко Миладиноски, Златко Миладиноски, Дамјан Стојаноски и Дарко Стојаноски со огномет ќе трае до раните утрински часови.
Жителите на Куратица велат дека карневалот е стар исто колку што е старо и селото. Непотврдени податоци говорат дека маскирањето во Куратица има традиција што датира од далечната 1575 година.
Ново на Сител
-
Коцевски: Ако јас имам дисциплинска повреда, нека ме разрешат
-
Над илјада производи ќе се продаваат со замрзнати маржи до крајот на април
-
Тема на денот со Фатмир Битиќи, пратеник од СДСМ
-
СДСМ бара власта да ги прифати нивните мерки
-
Коцевски: Ако имам дисциплинска повреда, нека ме разрешат
-
Новите камери на Сејф сити ќе регистрираат прекршоци од 1 јануари следната година
-
Се замрзнува цената на дел од основните производи
-
Нема нови случаи со шуга во училиштето во кумановско - ИЈЗ бележи зголемен број заболени од ова заразно заболување