Македонија
13. January 2019 - 15:05

Се чисти патот кон планината Голак

Екипи на Јавното претпријатие „Македонија пат” попладнево започнаа со чистењето на новите снежни наноси кои во изминатите два дена беа поизразени на планината Голак. Како што информираат од претпријатието патот се чисти и се посипува со песок откако претходно беше ангажирана градежна механизација за негово чистење.
 
– Во изминатите два дена поради обилниот снег не бевме во можност да делуваме на овој патен правец, бидејки снегот непрекинато паѓаше. Попладне нашо товарно возило го посипува патот со песок, а претходно градежна механизација го исчисти истиот во должина од 10 километри, информираат дежурните служби на Македонија пат – Делчево.
 
Додаваат дека патните правци Делчево – Граничен премин, Делчево – Македонска Каменица и Делчево – Берово се чисти и сообраќајот во најголем дел се одвива по чисти коловози.
 
Претходно со акција за расчистување на снегот беа опфатени селските средини во Пијанец.