Се чека комплетниот извештај за возилото на Брза помош кое застана на бензинска, а носеше пациент
Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска информираше дека се чека комплетниот извештај за случајот со возилото на Брза помош, што застанало на бензинска пумпа, додека пренесувало пациент од Струга.
- Инспектори на Државниот здравствен и санитарен инспекторат вчера биле на лице место, сѐ уште го немаме комплетниот извештај. Бевме во комуникација со директорот на Здравствениот дом, го чекаме извештајот и ќе го споделиме со сите медиуми, одговори Меџити на новинарско прашање за најавениот вонреден инспекциски надзор за овој случај.
Претходно, на брифинг со новинари, прашан за овој случај, оти возило на Брза помош застанало на кафе пауза, додека пациент со кислородна маска бил во возилото, министерот изјави дека ќе ја провери информацијата и доколку е точна, ќе следуваат најригорозни казни за сторителите.
Одговарајќи на новинарски прашања, тој се осврна и на преговорите со синдикалистите за усогласување на платите кои најавија протести доколку не се исполнат нивните барања.
- Минатата недела се сретнавме со синдикалните претставници и разговараме на таа тема и се надевам дека многу брзо ќе најдеме позитивно решение, додаде Меџити.
Ново на Сител
-
Почна со работа Комисијата за правична застапеност во Собранието
-
Владата и банките во недела на преговори
-
Имотен лист на вашиот е-мејл за 10 секунди?
-
Тутунарите со свои очекувања
-
Борисов предложи коалиција за Влада - Парламентот не успеа да избере претседател
-
Загадениот воздух - Хроничен зимски проблем
-
Владата е свесна за проблемите со загадениот воздух
-
ВМРО-ДПМНЕ: Фалат 200,000 евра на Детска клиника