СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ се уште нема став за едно од најважните прашања во историјата на Македонија
ЕУ и НАТО значат владеење по правила, ред и закон, дали Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се против тоа и затоа не се изјаснуваат за рефереднумот?
На 40 денови до референдумот на кој граѓаните ќе одлучат за иднината, само ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се уште немаат јасен став за едно од најважните прашања во историјата на независна Македонија.
Со исполнувањето на домашните обврски и реформи за членство од Македонија создаваме функционална држава во која владеат редот и законот. Со членството на Македонија во ЕУ и НАТО влегуваме во сојузи кои функционираат според правила, ред, закон и прописи.
Дали Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се против тоа и затоа не се изјаснуваат односно немаат јасен став за референдумот, за најважното прашање за иднината на Македонија?
Граѓаните знаат дека придбивките и вредностите на ЕУ и НАТО се суштинска спротивност на криминалните и антидржавни практики што ги нуди ВМРО-ДПМНЕ.
Граѓаните и сите прогресивни сили коишто се обединија околу иднината знаат дека влезот во ЕУ и НАТО нема алтернатива.
На референдумот на 30-ти септември, граѓаните ќе изберат иднина наместо небиднина, ќе изберат членство во НАТО и ЕУ со зачуван и зајакнат македонски идентитет.
Центар за комуникации со јавност на СДСМ
Ново на Сител
-
Како линеарното покачување на пензиите ќе влијае врз ПИОМ?
-
Тема на денот со Љупчо Николовски, пратеник од СДСМ
-
100 дена Влада - Интеграција во ЕУ и подобрување на животниот стандард
-
Опозицијата за 100 дена Влада: Скандали, изговори и неисполнети ветувања
-
Пензионерите ги добија пензиите зголемени за 2.500 денари
-
Со средба во Прилеп пензионерите од повеќе градови од Македонија го одбележаа покачување на пензиите
-
Бизнисот разочаран, Синдикатот воздржан од 100-те дена нова Влада
-
Бактерија Стафилокока најдена во “бомбиците” кои ги јаделе децата од ОУ “Ѓорѓија Пулевски“