СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ се уште функционира како во времето на Груевски
ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски е партија која се уште функционира како во времето на нејзиниот почесен претседател во бегство, Никола Груевски.
Таа партија предводена од Мицкоски знае само за лажни вести, блокади и деструкции.
ВМРО-ДПМНЕ постојано е на спротивната страна од интересите на граѓаните, постојано нешто кочи и блокира.
Последен таков случај се обидите за опструкција на работата на Собранието.
ВМРО-ДПМНЕ се уште ја кочи изградбата на новиот Клинички центар во Скопје, беше против пакетите економски мерки за помош на граѓаните и стопанството, против поголеми плати и пензии.
Тоа е ВМРО-ДПМНЕ, партија која секогаш има проблем кога парите завршуваат кај граѓаните, наместо во нивниот скапоцен дворец.
Таквото нивно однесување одамна е препознаено од страна на граѓаните, затоа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги чека нов убедлив пораз на изборите
Центар за комуникации со јавност на СДСМ
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење