СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска наместо бесплатен јавен превоз, го поскапуваат превозот во ЈСП
Партиските кадри на Данела Арсовска за само две недели ја закочија и уназадија работата на Јавното сообраќајно претпријатие.
Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ наместо бесплатен јавен превоз го поскапуваат автобускиот превоз преку воведување на билет од 120 денари.
Неспособно да се справи со предизвиците, раководството на ЈСП уште во првите недели по поставувањето бара помош од Владата.
ЈСП е под надлежност на Град Скопје и за помош прво треба да се обрати кај градоначалничката Арсовска.
Владата му помогна на ЈСП со тоа што му даде гаранција за заемот од 70 милиони евра од Европската банка за обнова и развој за спроведување на Бас рапид транзит системот.
Заради лични хирови, Арсовска го прекина овој проект кој треба сериозно да го унапреди квалитетот на јавниот превоз во Скопје.
Наместо да го продолжи проектот за кој се издвоени средства, Арсовска ги лаже скопјани дека ќе воведе бесплатен превоз дури за две години отсега.
Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ не знаат да управуваат со ЈСП, а не пак да донесат 250 нови автобуси и да воведат бесплатен јавен превоз.
Ново на Сител
-
Калаc: САД сакаат кавга со ЕУ
-
Намален прометот во индустријата
-
Почина гинекологот и акушер проф. д-р Јован Јуруковски
-
Уапсен 47-годишен од с.Дражево, нападнал човек со остар предмет
-
Кривична против две лица од Кочани поради користење на туѓа дебитна картичка
-
Нападната 46-годишна жена на нејзиното работно место во Скопје
-
Кривична за 33-годишен штипјанец, нудел пари да се запали возило на друго лице
-
Трошоците на живот во јануари на годишно ниво повисоки за 4.9 %, а цените на мало за 5.2 %.