СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ блокира и кочи закони што носат придобивки за сите
ВМРО-ДПМНЕ во Собранието работи против интересите на граѓаните и наместо конструктивност се што прави е блокади и кочења на важни законски измени.
Во Комисијата за финансирање и буџет, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ го кочат законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на јавни претпријатија. кој предвидува отпис на каматите од страна на доверителите, како и репрограмирање на долговите и трошоците на јавните претпријатија.
ВМРО-ДПМНЕ го кочи и Законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на физички лица во време на ковид-19, со кој на институциите од јавните дејности им се наредува да ги простат и избришат долговите на сите граѓани, по основ на камати во висина од 100%.
Во Комисијата за труд и социјална политика, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ги кочат измените на законот со кои недела станува неработен ден за 92 отсто од работниците.
ВМРО-ДПМНЕ ги кочи и измените кои треба да обезбедат трајно вработување на 4.700 наставници.
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ги блокираат и измените на Законот за служба во Армијата со кои војниците ќе имаат право на избор, ќе имаат можност да добијат и 20.000 евра отпремнина по навршување на 45 години, како и дополнителни можности при пензионирање.
ВМРО-ДПМНЕ е насочена директно против интересите на граѓаните и интересите на државата и затоа на овие избори уште еднаш, по седми пат ќе бидат поразени од граѓаните.
СДСМ
Ново на Сител
-
Манчестер Сити четврти пат по ред шампион на Англија
-
За личниот живот и 30 годишната кариера со Суперхикс | Петар Младеновски | Sitel Podcast 038
-
Се урна хеликоптерот во кој патуваше претседателот на Иран
-
Велешанец собирал печурки, во коленото му влегол проектил од огнено оружје
-
Пронајдени мигранти од Ирак и Турција
-
Возач и сопатничка повредени во сообраќајка на експресниот пат Штип-Радовиш
-
Мицотакис ја повикува Силјановска Давкова да избегне „слични незаконски и провокативни“ постапки
-
Стабилна состојба на работникот, кој се здоби со тешки повреди во лифт во штипски угостителски објект