СДСМ: Власта ги запостави домашните компaнии
Власта на Христијан Мицкоски во предложениот Буџет за 2025 година, ги намали парите за поддршка на домашните компании од 340 на само 220 милиони денари. Истовремено парите за поддршка на странски компании се зголемени.
Оваа политика на запоставување на домашните компании и фаворизирање на странските ги става македонските работници во подредена позиција, води кон економска нееднаквост и ниски плати.
За компаниите кои вработуваат 80% од сите вработени во државата Власта на Мицкоски предвидува помалку пари, а оние кои го носат профитот надвор повеќе.
Ова не е фер пристап кон домашните компании и кон работниците во овие компании.
ДПМНЕ ја враќа земјата на старата неефикасна и несоодветна политика која ги игнорира домашните компании и ги става странските во предност.
Поддршката на домашните компании кои го носат развојот на нашата држава е еден од клучните аспекти. Нашата економија може да напредува само ако ги ставиме интересите на домашните компании и работници на прво место.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
Ново на Сител
-
Борбата е да се задржат странските компании, не да се привлечат нови
-
Пикот на грипот ги испразни училиштата, а ги наполни клиниките со болни деца
-
Преглед на вестите од светот
-
Советот на јавни обвинители ќе ја разгледува иницијативата за разрешување на Коцевски откако ќе ја добие
-
ВМРО-ДПМНЕ: Коцевски со месеци ги штити поранешните функционери на СДСМ
-
Не помина предлогот на Левица за ограничување на патните трошоци за пратениците
-
Дали членовите на Судски совет ќе си поднесат оставка ако им биде изгласана недоверба?
-
Измените на Кривичниот законик пред Уставен