СДСМ: Ветивме зголемување на платите во сите сектори во период од шест месеци и тоа ќе го направиме
Ние сме ветиле дека ќе ги зголемиме платите и во администрацијата, во период од шест месеци и ние тоа ќе го направиме со измени во законот, исто како што направивме со зголемување на минималната плата на 18.000 денари, порача пратеничката на СДСМ Даниела Марковска во рамките на расправата посветена на ребалансот на Буџетот во собраниската комисија за финансирање и буџет.
Марковска нагласи дека ова е предвидено со покачувањето на минималната плата на 18.000 денари и ја повика опозицијата да не ја замајува јавноста и дека граѓаните го чекаат усвојувањето на ребалансот.
Бидете колегијални и коректни во целата оваа ситуација, соработувајте ако мислите дека треба да им излеземе в пресрет, и ние како парламентарно мнозинство и вие како пратеници од опозицијата на граѓаните кои го чекаат ребалансот, во кој има многу мерки за помош во ситуацијата во којашто се наоѓаме, нагласи Марковска.
Пратеничката на СДСМ Даниела Марковска истакна дека СДСМ работи за поддршка на граѓаните, а ВМРО-ДПМНЕ се тие што две години ги блокираат и работата на комисиите и законите, поттикнуваат омраза, во оваа најсериозна ситуација во Европа со економската криза, и додека граѓаните чекаат пош пратениците од опозицијата иницираат активни и пасивни блокади.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
Ново на Сител
-
Трамп отворен за идејата Путин да посредува меѓу Изрел и Иран
-
Трамп: Наскоро ќе има мир меѓу Израел и Иран
-
Иранците ја гаѓале и приватната резиденција на Нетанјаху
-
Израелската национална авиокомпанија „Ел Ал ерлајнс“ ги откажа летовите до 23 јуни
-
МВР: Одобренија за патување во странство за малолетни лица ќе се издаваат од 8 до 18 часот
-
22 македонски државјани побарале помош за напуштање на територија на Израел
-
Алиу: Ќе ги дисперзираме услугите за онколошките пациенти онаму каде што има услови
-
Пронајден череп и коски слични на човечки во штипско